Формиран е Градски еко-совет – Зелен совет на Град Скопје

50

Дваесет и пет експерти и претставници на граѓанскиот сектор од областа на урбаното планирање, урбанизмот, архитектурата, сообраќајот, енергетиката и заштитата на животната средина, се дел од новоформираниот Градски еко-совет – Зелен совет на Град Скопје. Овој Совет има за цел да креира политики од областа на екологијата, сообраќајот, урбаното планирање, да предлага стратегии и да дава совети за иднината на развојот на Скопје.

– Преку овој Совет ќе се бориме и против урбанистичкиот хаос во градот, ќе се креираат конкретни политики и препораки кои со акциски план и конкретни временски рамки ќе се овозможи следење и контрола на исполнувањето на плановите во пракса – изјави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

На Советот ќе се креираат идеи, предлози и политики за прашања и работи кои потекнуваат од самите членови на телото, другите организации и институции, како и од самите граѓани.