Формирано претпријатие Ски-центар Попова Шапка, Дооел Тетово

192

ЕЛЕМ Турс, фирмата ќерка на АД ЕСМ, се подели на две нови претпријатија. Едното се вика Ски-центар Попова Шапка, Дооел Тетово, кое до летото следната година ќе биде преземено од стратешкиот инвеститор „ТехноАлпин“, преку договор за концесионирање. За директор е назначен досегашниот прв човек на „Елем Турс“, Адем Авзиу. Второто претпријатие е ЕСМ „Молика“, а директор ќе биде Миле Вељановски.

Проектот на „ТехноАлпин“ за Ски-центарот Попова Шапка доби зелено светло од Владата и како што најави министерот за животна средина, наредниве денови италијанскиот инвеститор пред јавноста ќе го претстави проектот вреден 186 милиони евра, кој треба да ја направи Шапка еден од најмодерните зимски центри во Европа.

(С.Бл.)