Следниот буџет на Европска Унија би требало да има форма на нов Маршалов план, со цел да се поттикне заздравување на Европа од кризата предизвикана од новиот коронавирус, изјави денеска претседателката на Европска комисја, Урсула фон дер Лајeн.

– Знаеме дека во оваа криза ни се потребни брзи одговори. Не можеме да чекаме една, две или три години за да најдеме нови орудиа, посочи Лајeн.

Таа додаде дека долгорочен буџет познат како повеќегодишна финансиска рамка е најсилно средство.

– Сакаме да обликуваме повеќегодишна финансиска рамка, која ќе биде клучен дел од нашиот план за заздравување. Голем број бараат нешто како Маршалов план, мислам дека европскиот буџет треба да биде Маршалов план од Европска Унија за европските граѓани, посочи Лајeн.

Маршаловиот план беше американска програма за помош за Западна Европа од 1948 година, со цел да се стимулира заздравувањето по Втората светска војна.

Извор: МИА