Фон дер Лајен: Фонд од 750 милијарди евра за помош на членките на ЕУ

22

Пакетот наречен „Обнова и подготовка за идните генерации“ преку грантови и заеми ќе биде поделен меѓу 27-те членки на Унијата.

Европската комисија предложи фонд од 750 милијарди евра кој треба да ѝ помогне на Европската Унија во справувањето со досега невидена економска криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Оваа сума ќе се вгради во предложениот буџет за 2021-2027 година од 1.100 милијарди евра, со што вкупниот фонд ќе изнесува 1.185 милијарди евра и претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, вели дека „тоа ќе ја покрене нашата економија и ќе обезбеди Европа да застане на нозе“.

Пакетот наречен „Обнова и подготовка за идните генерации“ преку грантови и заеми ќе биде поделен меѓу 27-те членки на Унијата. Најголем дел, 313 милијарди евра, ќе добијат Италија и Шпанија, кои се најтешко погодени со пандемијата.

„Овој фонд е пресвртна точка за Европа“, изјави еврокомесарот за економски прашања Паоло Џентилони.