Фон дер Лајен: Вистина е дека иднината на Македонија е во ЕУ. Ве сакаме во ЕУ

46

Срдечна и непосредна, полна со оптимистички пораки. Ваков впечаток остави претседателката на ЕК на прес-конференцијата што ја одржа вчера доцна попладне заедно со премиерот Зоран Заев.

– Доаѓам како пријател и како партнер. Вистина е дека иднината на Македонија е во ЕУ. Ве сакаме во ЕУ. Донесовте храбра одлука и сега ЕУ треба да го испорача ветеното. Целосно, од дното на моето срце го поддржувам отворањето на пристапните преговори. Ве повикувам да не губите верба, ви преостана само уште еден чекор. Направивте толкав напредок и ви честитам за тоа. ЕУ и Северна Македонија веќе ги здружуваат силите , истакна Фон дер Лајен.

Таа најави дека се разговара и со Бугарија и со Македонија за надминување на пречките и спомена дека има неколку интересни решенија кои можат со добар дијалог да стигнат до целта.

-Наша цел е првата меѓувладина седница да биде до крајот на годинава, повтори Фон дер Лајен и од Скопје.

Фон дер Лајен донесе грант од 6,2 милиони евра за младински проекти. (E.A.)