Фолк-ѕвездата Благоја Грујовски сака ќерка, ама зошто не го знае “рецептот”?!

96

Се излажаа сите оние кои мислат дека нашата фолк-ѕвезда Благоја Грујовски нема да кажува ништо од својата приватност. По професија е дипломиран новинар, но со новинарството поодамна не се занимава, сфакајќи дека на естрадата има далеку многу повеќе пари отколку во медиумите. Тој одлично ја разбира новинарската професија која секогаш трага по интересни вести од животот на познатите.

За да ја задоволи нашата љубопитност, Баже супер маже, како што нагалено сите го викаат, вели, дека покрај два сина, од два различни брака, сака да има и девојче, но дека не го знае “рецептот за правење девојчиња”! Уххх !!!
– Јас сум специјализиран само за синовите, тоа ми е така подарено од природата, и ако би било многу убаво моите синови да си имаат сестричка, вели добро расположениот Баже, кој и понатаму е заслужено на самиот врв на македонската фолк-сцена.      Д.М