Фолк-пејачката Благица Калева – жена херој: Марија е се во нејзиниот живот

282

 

“Марија е се во мојот живот, таа ми е мотив да продолжам понатаму, да продолжам со тоа што отсекогаш сум умеела да го правам – да продолжам со песната”, вели Благица Калева.

Пејачката Калева пред 15 години во сообраќајна несреќа ги изгуби ќерката Викторија и сопругот Костадин. Таа тврди дека музиката и помогнала да се врати во колку толку некој нормален живот.

Со групата “Модус” настапува повеќе од 25 години. Покрај многуте нејзини познати песни, тука е и таа многу емотивната “За моите очи четири”, а минатата година победи на Валандовскиот фолк-фест пеејќи за својата тажна судбина. Калева е позната како жена херој, само таа знае како успеала да се справи со трагедијата.

Живее во Струмица и често настапува на хуманитарни концерти, помагајќи им на луѓето кои исто така имаат некаква семејна трагедија. Д.М.