Фолксваген: Уште осум лица осомничени за измама со возила

107

Германското обвинителство денеска соопшти дека поднело обвиненија против уште осум вработени во компанијата Фолксваген, поради сомнеж дека продавале автомобили со софтвер што овозможува измама на тестовите за емисии на штетни гасови.

Обвинителството во Брауншвајг не ги идентификуваше осомничените, само наведе дека меѓу нив има и менаџери, дека се на возраст меѓу 50 и 72 години и дека од 2006 до 2015 година извршиле сериозна измама и го прекршиле германскиот закон за нелојална конкуренција.

Некои од нив се осомничени и за нарушување на довербата и затајување данок.

Новите обвиненија беа поднесени откако судот во Брауншвајг пресуди на почетокот на овој месец дека на поранешниот извршен директор на Фолксваген, Мартин Винтеркорн мора да му се суди за измама, како и на други четворица обвинети.

Извор:МИА