Фолксваген планира да отпушти 30.000 работници за да ги намали трошоците

30

Фолксваген размислува за отпуштање до 30.000 работници со цел да ги намали трошоците и да ја подобри конкурентноста со играчи како Тесла, пишува германскиот весник Ханделсблат, пренесува Блиц.

– Нема сомнение дека треба да се справиме со конкурентноста на нашата фабрика во Волфсбург во однос на новите учесници на пазарот, изјави портпаролот на компанијата Мајкл Манске, додавајќи дека дискусијата е во тек и дека веќе има многу добри идеи, но се уште нема конкретни сценарија.

Портпаролот на работничкиот совет на Фолксваген посочи дека, иако нема да ги коментира шпекулациите дали Дис навистина го кажал тоа, оцени дека „укинувањето на 30.000 работни места е апсурдно и неосновано“.

Фолксваген, исто така, размислува да го вклучи бизнисот за полнење автомобили и енергија, во постојните планови за ИПО за одделението за акумулатори, изјави главниот директор за технологија Томас Шмал за списанието „Менаџер“.

Шмал нагласи дека се уште ништо не е решено и дека најверојатно ќе поминат две години пред да се формираат нови компании и да бидат подготвени за излегување на берза.

„Треба да размислиме и за комплетни системи“, рече Шмал, мислејќи на комплексот „едношалтерски систем“ на Тесла со сопствена мрежа за полнење, соларни системи за зелена електрична енергија и полиси за осигурување на автомобили.

Тесла го произведува својот автомобил „Модел три“ за 10 часа, додека на Фолксваген му требаат 30 часа за да направи „ИД 3“.