Нашата популарна фолк-пејачка Ирена Спасовска деновите од оваа и не толку студена зима ги помина во Милано, Италија. Од таму испрати фотографии за кои би можеле да кажеме дека се со исклучително висок “струен“ напон опасен по живот. Затоа внимавајте, секако особено вие мажите, додека жените можат само да ѝ љубоморат. Па, така после долги прошетки по улиците и по бутиците во Милано, пејачката си наоѓаше начин како да ужива, како да ги спобудали мажите. Таа се релаксираше во када полна со мирислива морска пена која ѝ ги покрива интимните делови од телото. Работава не е сè да ни покаже, а и не би било ниту пристојно, ниту пожелно. Подобро е вака за да ја разбуди фантазијата посакувајќи им воедно на сите, а пред сè на мажите “добра ноќ“! Само не знаеме зошто тоа го напишала на српски јазик? Или има(ше) некој скриен дечко Србин со неа во Италија на кого вака јавно му ја упатува оваа емотивна порака. Или се е само обична забава? Но, ако е вистина, тогаш и оваа скокотлива фотографија оди на адреса на Србинот! Ах, Ирена, Ирена вистина било дека знаеш да уживаш….и на тие само твоите заслужено спечалени пари.  Дуле М.