Екипата на Академија ФМП го претрпе и четвртиот пораз на исто толку одиграни натпревари во БИБЛ лигата, откако овој пат претрпе пораз на гости кај Балкан со 80:71.

Како клучна се покажа третата четвртина во која домашниот тим ја доби со 22:12.

Најефикасен кај македонскиот претставник беше Бре Ајви со 21 поен, додека на спротивната страна исто толку запиша Дерик Маркс.

Балкан е втор со оваа победа во групата А, додека Академија ФМП останува четврта, а првата победа во ова натпреварување ќе ја брка следниот врторник кога го пречекува Левски.