Еден од најпознатите борци на ММА, Конор Мекгрегор, изјави дека би сакал повторно да се испроба во рингот, без разлика дали станува збор за реванш со Флојд Мејведер или дуел против Мани Пакјао.

Контроверзниот Ирец не се борел повеќе од една година, а неговото враќање во октагонот ќе биде претстојниот викенд, кога негов ривал ќе биде Доналд Церон. Иако сега е фокусиран на борбата, Ирецот смета дека уште еден натпревар во рингот би бил добредојден за него.

-Посакувам да имам реванш со Мејведер. Мислам дека треба да го искористиме овој момент. Тој флертува со нашиот реванш. Би можел да избере друг противник, но тоа нема да биде исто, истакна Мекгрегор.

Во првиот натпревар Мејведер го совлада Мекгрегор со нокаут во десеттата рунда. Борбата донесе профит од повеќе од 600 милиони фунти, што го става мечот на второто место по профитабилност, веднаш зад боксерскиот натпревар од 2015 година меѓу американскиот боксер и Пакистанецот Пакјао.

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, неодамна објави дека постои договор Мејведер да се врати од пензија и да се бори против Мекгрегор. Сепак, не е познато дали станува збор за натпревар во бокс или ММА. Ирскиот борец посочи дека постои вербален договор со ММА, а сето тоа би било откриено наскоро.

Саботната борба за Мекгрегор ќе биде прва од 6 октомври 2018 година, кога беше поразен од Русинот Хабиб Нурмагомедов.