Белгиската тенисерка Кирстен Флипкенс, откри дека имала љубовна авантура со Рафаел Надал.

-Пораснавме заедно, често игравме на истите турнири во младинските години. Тој не знаеше многу англиски јазик, па комуникацијата често беше проблем во нашата врска. Лимитирани бевме со прошетки и држење за рака, како и неколку бакнежи, рече 34-годишната Флипкенс.

Шпанецот на крајот од мината година направи свадба со Марија Франциска Парељо. Тие ја крунисаа 14-годишната врска на спектакурана церемонија во  Мајорка.