Агентот на бразилскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Роберто Фирмино, откри дека неговиот клиент сака и во следната сезона да престојува на „Енфилд“. Искусниот напаѓач на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер, а преговитите околу продолжувањето на соработката се во прекин затоа што клупските челници се уште не одлучиле што ќе прават со Бразилецот.