Фирмино е на дното, затоа е потребен нов напаѓач

143

Иако само што започна новата сезона во англиската Премиер лига, легендарниот фудбалер на Ливерпул, Џон Олдриџ, испрати јасна порака до менаџерот на „црвените“, Јурген Клоп, дека мора до крајот на летниот преоден рок да купи нов напаѓач кој ќе биде и повеќе од достојна замена за бразилскиот интернационалец Роберто Фирмино. Во првиот натпревар од новата сезона, актуелниот шампион со многу среќа забележа минимална победа од 4:3 во дуелот против новајлијата во елитното друштво, Лидс Јунајтед.

  • Ова лето се зборуваше многу за позицијата на Ливерпул на трансфер пазарот, но мислам дека би било добро за Боби (Фирмино) да има уште еден напаѓач да му дише во врат. Да знае дека мора да постигнува голови. Не ме сфаќајте погрешно, јас сум негов голем обожавател и тој често прави големи невидени работи во нападот, но кога си „деветка“, мора да постигнуваш голови. Сега е на дното и го знае тоа. Потребна е промена, изјави Олдриџ.

Легендарниот фудбалер на Ливерпул додаде дека ја разбира позицијата на клубот во врска со трансферите ова лето, но тоа е ризичен потег.

  • Минатата сезона Ливерпул имаше среќа што немаше многу повредени играчи. Но, не можете да сметате на тоа. Мислам дека можеме да добиеме нов голгетер, додаде Олдриџ.