Финска ќе протера девет руски дипломати поради шпионажа

55

Финска ќе протера девет дипломати вработени во руската амбасада во Хелсинки, соопштија денеска од кабинетот на финскиот претседател.

Според соопштението, тие наводно биле ангажирани во разузнавачка работа, пренесува Ројтерс.

„Нивните постапки се спротивни на Виенската конвенција за дипломатски односи“, соопшти финското претседателство.