Финска од полноќ ја затвора границата за руски туристи

34

Финска од полноќ ја затвора својата граница за руски туристи, соопшти денеска финската Влада.

Шефот на финската дипломатија, Пека Хависто, на прес-конференција изјави дека границата ќе биде затворена за сите руски туристи, но не и за сите руски граѓани, пренесуваат британските медиуми.

Според Хависто од оваа забрана ќе бидат ослободени сите руски граѓани кои го посетуваат семејството, како и оние кои работат или студираат во Финска.

Наредбата за делумна мобилизација во Русија предизвика протести низ Русија, апсења на демонстранти и заминување на руски граѓани од таа земја.