Финска пиварница на маки: Не стасува да произведе доволно пиво НАТО

155

Финска пиварница се бори да излезе на крај со огромната побарувачка за своето ново пиво, создадено да ја одбележи одлуката на земјата да влезе во НАТО по 75 години неутралност, пренесува Ем-Ес-Ен.

Пиварата се наоѓа во Савонлина, на 50 километри од руската граница, во зграда од црвена тула изградена кога Финска сè уште била дел од Руската империја во 1909 година.

Лагерот ОТАН на Олаф Бруинг има сина етикета со цртана верзија на средновековен витез кој пие пиво во метален оклоп, украсен со симболот на НАТО на компасот.

Името на пивото е игра на финскиот израз „Otan olutta“, што значи „Ќе пијам пиво“ и француската кратенка за НАТО, Organisation du traite de l’Atlantique nord т.е. „OTAN“. Организацијата на Северноатлантскиот договор има два официјални јазици, англиски и француски.

Извршниот директор, Петери Вантинен, изјави за новинската агенција АФП дека продажбата на неговото пиво „слобода“ експлодирала откако станало вирално на социјалните мрежи, откако финскиот парламент расправаше за кандидатурата на земјата за членство во НАТО.

„Обично продаваме околу сто лименки пиво дневно. Сега бројката е повеќе од две илјади“, рече тој.