Финале на Евровизија – Кои се фаворитите за победа?

813

Во Торино, Италија, вечерва со почеток во 21 часот ќе се одржи финалето на 66.издание на изборот на Евросонг. На финалната вечер на евровизиската сцена ќе се натпреваруваат 25 земји, меѓу кои и овој пат ќе ја нема Македонија откако македонската претставничка Андреа Коевска со песната “Circkles” не успеа да го мине полуфиналето.

Според прогнозите, најголем фаворит за победа е украинскиот бедн Калуш Оркестра. Иако песната на украинските претставници е од редот на најпопуларните, поради актуелните политички настани, нивото учество на годинашниот Евросонг е повеќе од само музички настап.

Украина уште од самиот почеток е на врвот на листите како можен победник, зад неа следува Обединетото Кралство, Шведска, Италија, Шпанија, а високо котира и српската претставничка Констракта која со својата оргинална и невообичаена изведба го привлече вниманието на јавноста, но и симпатиите на публиката.

Од првото полуфинале на 10 мај, во финалето влегоа Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија, а на втората полуфинална вечер,  во финалето продолжуваат Белгија, Чешка, Азербејџан, Полска, Финска, Естонија, Австралија, Шведска, Романија и Србија.