Финалето во Келн ќе се гледа на видео бим во Скопје-утре сите на Плоштад!

250

Градот Скопје, утре на нашиот плоштад, на голем видео бим, организира заедничко следење и бодрење за новиот триумф на Вардар и неговата нова европска шампионска титула. Ова го најави скопскиот градоначалник Петре Шилегов преку социјалните мрежи и ги повика сите граѓани масовно да излезат на плоштадот Македонија.

-Ајде масовно сите на плоштад. Еден е Вардар !!! Едно е Скопје !!! , напиша Шилегов.