Филхармонија почна онлајн продажба на билети

228

Македонската Филхармонија најави дека од денеска започнала со онлајн продажба на билети кои директно можат да се купат на веб-страницата www.filharmonija.mk.

„Сите љубители на музиката, посетителите на настаните на Филхармонија, можат да купат билет преку веб-страницата на Филхармонија каде што и можат да се информираат за условите и за начините на купување“ стои во соопштението на Филхармонијата од каде информираат и дека се објавени и настаните за новата концертна сезона 2019/2020 и истите можат да се погледнат на веб-страницата.