Филхармонија: Концерт „Нов свет“ со славната Баиба Скриде

72

„Нов свет“ е наслов на концертот што Македонската филхармонија ќе го реализира вечерва (8 мај со почеток во 20 часот), а на кој како солист ќе настапи врвната виолинистка од Латвија, Баиба Скриде.

Виртуозноста, музикалноста, искрениот пристап кон делата што ги изведува и силната љубов што ја исполува кон нив ќе ја одведат виолинистката Баиба Скриде на сцените низ светот да настапува со едни од најзначајните оркестри и диригенти денес.

За македонската публика, таа ќе го изведе Концертот за виолина и оркестар бр. 1 во a-moll, оп. 77 од Дмитриј Шостакович, кој рускиот композитор го посветил на прочуениот Давид Ојстрах.

Диригент на концертот е маестро Јерухам Шаровски од Израел, а оваа вечер ќе биде изведена и една од најдобрите симфонии на сите времиња, Симфонија бр. 9 „Од новиот свет“ од Антонин Дворжак.