Филхармонија: Врвниот контрабасист Рено Гарсија Фонс во Скопје

69

Врвниот француски контрабасист Рено Гарсија Фонс в четврток (24 октомври) во 20 часот ќе настапи како солист со оркестарот на Филхармонија.

Пред македонската публика ќе се претстави со свои композиции. На програмата се и Суитите 1 и 2 од балетот „Дафнис и Клое“ од Морис Равел. Со оркестарот на Филхармонија ќе диригира Џијан Емин.

По работата во врвни француски симфониски оркестри, Рено Гарсија Фонс во 1990-тите се одлучува за солистичка кариера. Тој разви свој музички јазик и стил со кој на автентичен начин го еманципира инструментот на кој свири. Контрабасот во рацете на Фонс звучи како шпанска гитара, африканска бас лаута, како виола или персиска виолина. Станува збор за врвен инструменталист со каталонско потекло, и од таму всушност потекнува неговиот интерес кон шпанската и ориенталната култура.