„Џон Вик 3: Парабелум“ – третиот дел од сагата за бескомпромисниот убиец Џон Вик македонската публика веќе може да го види во градските кина.
Во ова остварување Џон Вик е во бегство откако убива член на меѓународното здружение на атентатори. Со награда за неговата глава од 14 милиони долари, тој е мета на атентатори насекаде. Оваа американската акција е во режија на Чад Стаелски, а Кијану Ривс е во главната улога.
Во другите настапуваат Хали Бери, Лоренс Фишбурн, Асиа Кејт Дилон.