Филм: Џесика Честејн и оскаровецот Еди Редмејн во крими- драма

125

Актерите Џесика Честејн и Еди Редмејн ќе настапат во главните улоги во новиот филм насловен „Добрата медицинска сестра“ (The Good Nurse).

Режијата е на Тобајас Линдхолм, сценариото на Кристи Вилсон-Карнс, а е базирано според истоимената книга на Чарлс Грабер. Филмот, жанровски означен како крими драма-мистерија е за еден неговател, кој е вмешан во смртта на стотици болнички пациенти, а оскаровецот Еди Редмејн ја игра улогата на Чарли Кулен.

Проектот, кој е во продукција на „Нетфликс“ ќе чини 25 милиони долари. Инаку, снимањето допрва треба да започне, а датумот на прикажување сè уште не се соопштува.