Филм: „Џекси“ – виртуелна љубов

93

„Џекси“ е насловот на американската комедија во режија на Џон Лукас и Скот Мур која македонската публика може да ја види во градските кина.

Оваа комична приказна зборува за еден млад човек кој го сака својот телефон повеќе од сѐ на светот. Фил е младо момче, нема пријатели, нема љубовен живот, но наскоро неговиот статус ќе се смени.

Кога ќе мора да го надгради телефонот ја добива Џекси – вештачка интелигенција, виртуелен асистент, животен тренер и со нејзина помош конечно почнува да живее. Но, Џекси почнува да му го прави животот кошмар, сакајќи да го задржи за неа…

Улогите ги толкуваат Роса Брн, Александра Шип, Адам Дивајн.