Филм: „Хомо“ – да се најде малку среќа

90

Во скопските кина публиката деновиве веќе може да го погледне и македонскиот игран филм „Хомо“ во режија на Игор Иванов – Изи.

Улогите во ова најново оставрување на Иванов-Изи ги толкуваат Наташа Петровиќ, Игор Ангелов, Оливер Митковски, Јелена Јованова, Сашко Коцев.

Драмата „Хомо“ прикажува шест лица, шест состојби во луцидно поврзани епизоди проткаени со црн хумор. Безнадежните ликови случајно се среќаваат во модерната метропола, при бескрајни обиди да опстанат и најдат малку среќа. Невработениот дипломец станува гробар, ужалената вдовица – монахиња, свештениците се коцкаат, а со судовите владеат гангстери. И кога изгледа дека надежта е мртва, едно осамено момче успева да пронајде љубов…