Филм: „Уште една тура“ – експеримент со алкохол

73

Филмот кој е добитник на Оскар за најдобар интернационален филм, но и кој се закити со повеќе други филмски награди е едно од најдобрите европски остварувања периодов, и затоа топло ѝ го препорачуваме на публиката.

Данската драма „Уште една тура“ (Another Round) е приказна за четворица пријатели кои работат како професори во средно училиште. Тие ќе се обидат да си го подобрат животот со тоа што ќе експериментираат со постојано одржување на нивото на алкохол во крвта.

Режијата е на Томас Винтерберг, а улогите ги толкуваат Мадс Микелсен, Томас Бо Ларсен, Магнус Миланг.