Филм: „Уметноста на тркање на дожд“ – со мудрото куче Енцо

162

Љубителите на кучиња веруваат дека нивните миленичиња кои се дел од нивните семејства го разбираат јазикот, сфаќаат настани, имаат мислења, изнудуваат лојалност. И затоа на крајот на август во градските кина доаѓа американската комедија „Уметноста на тркање на дожд“ во режија на Симон Куртис.

Во неа, мудрото старо куче Енцо Свифт размислува за животните искуства кои го подготвија да го заштити своето семејство во време на најголема потреба. Енцо се сеќава на животните лекции што ги научил од неговиот сопственик Дени – возач на тркачки автомобил.

Во филмот улогите ги толкуваат Мило Вентимиглиа, Аманда Сејфрид, Гери Кол, Кејти Бејкер…