Филм: „Тролови: Светска турнеја“ – и многу музика

98

Ана Кендрик и Џастин Тимберлејк се враќаат во продолжението на музичкиот анимиран хит филм на Дрим воркс (DreamWorks) од 2016: „Тролови: Светска турнеја“ (Trolls World Tour) кој скопската публика може да го види во градските кина.

Во авантурата што ќе ги однесе многу подалеку од тоа што го знаеле, Попи (Кендрик) и Бранч (Тимберлејк) откриваат дека се само едни од шесте различни племиња Тролови раштркани низ шест различни земји и посветени на шест различни видови музика: фанк, кантри, техно, класична, поп и рок.

Нивниот свет ќе стане многу поголем и многу погласен.

Режијата е на Волт Дорн и Дејвид П. Смит.