Филм: „Твист“ – современа екранизација на романот на Дикенс

49

Со британската драма „Твист“ (Twist), публиката може да погледне уште една современа екранизација – преработка на класичниот роман од Чарлс Дикенс – „Оливер Твист“.

Сместена во срцето на Лондон, приказната го следи Оливер – талентиран уметник, кој ги покрива англиските фасади со графити. По неколку несреќни околности, Оливер станува член на улична банда која прави план како да ги украде најголемите уметнички дела…

Режијата е на Сали Колет и Џон Вратал, а улогите ги толкуваат Доминик Ди Томасо, Лена Хедли, Мајкл Кејн и Рита Ора.