Филм: „Реџеп Иведик“ – како до дома?

285

„Реџеп Иведик“ во режија на Тоган Гокбакар е турската комедија која публиката може да ја види во градските кина.

Во неа, нашиот херој, Реџеп Иведик, добива покана за годишниот фестивал на сушени зрна во провинцијата Конија. Возбуден од вестите, Реџеп го убедува најдобриот другар да дојде со него, но во мискомуникација со туристичката агенција, добиваат авионски билети за Кенија, Африка, наместо Конија, Турција. Откако тие пристигнуваат во Кенија и почнуваат со сафари турата, двајцата трапави другари се губат во саваната и се наоѓаат меѓу две ривалски племиња. Многу авантури го очекуваат Реџеп во оваа непозната и егзотична земја, а тој ќе проба сè и сешто за да се врати дома… Но често без успех и со комични резултати.

Улогите ги толкуваат Шахан Гокбакар, Нурулах Челеби, Сомер Карван.