Филм: „Приказна за играчките 4“ – за старите и новите пријатели

161

„Приказна за играчките 4“ во режија на Џош Кулеј е најновиот анимиран филм во кој најмладите ќе можат да уживаат во скопските кина.

Во него, новата играчка наречена „Forky“ ќе им се придружи на Вуди и на бандата, а патувањето придружено со старите и новите пријатели открива колку е голем светот за една играчка.

Ова авантуристичко патување се претвора во неочекувано обединување кога Вуди прави мало заобиколување кое го води кон долгогодишниот пријател Бо Пип. Како што Вуди и Бо разговараат за старите денови, тие наскоро почнуваат да сфаќаат дека нивните светови се распаѓаат и размислуваат за она што сакаат од животот како играчка…