Филм: „Плен“ – за време на невремето…

163

За љубителите на хорор приказните, во градските кина се прикажува американскиот акционен трилер „Плен“ во режија на Александре Аја.

Во него, заплетот се случува кога катастрофален ураган ќе ја погоди Флорида, а Хали ќе ја игнорира наредбата за евакуација за да го пронајде својот татко кој е исчезнат. Што ќе се случува за време на невремето со неа и кој ќе стане плен во оваа авантура, останува да видите…

Во филмот улогите ги толкуваат Каја Скоделарио, Бери Пепер, Рос Андерсон.