Филм: „Многу се грижам“ – за тебе

56

Интересна за љубителите на филмови ќе биде и американската криминалистичка комедија „Многу се грижам“ (I Care a Lot).

Во неа, одличната Розамунд Пајк, која за овој филм ја доби наградата „Златен глобус“ во категоријата најдобра актерка во мјузикл или комедија, ја толкува улогата на Марла, жена која е старател на стари лица кои повеќе не можат да се грижат за себеси. Таа е успешна, итра и убедливо најдобрата опција за старите и изнемоштени лица… сѐ додека не направи погрешен потег.

Режијата е на Џеј Блејксон, а освен Пајк, улогите ги толкуваат и Питер Динклиџ и Елза Гонзалес.