Филм: „Маскирани шпиони“ – за да се спаси светот

183

„Маскирани шпиони“ е насловот на американската анимирана комедија, која најмладите љубители на филмот можат да ја видат во градските кина.

Во неа, кога најдобриот шпион во целиот свет е претворен во гулаб, мора да се потпре на неговиот технички офицер, кој е бубалица, за да го спаси светот. Супер шпионот Ленс Стерлинг (Вил Смит) и научникот Волтер Бекет (Том Холанд) се речиси тотално спротивни. Ленс е елегантен и пријатен, а Волтер не е. Но кога настаните почнуваат да одат во обратна насока од очекуваното, тие мора да почнат да работат заедно за да го спасат светот од пропаст.

Филмот е во режија на Ник Бруно и Трој Кван, а гласовите ги позајмуваат Вил Смит и Том Холанд.