Филм: “Лего филм 2“ – продолжува авантурата во Лего светот

54

“Лего филм 2“ во режија на Мајк Мичел и Триша Џим, е новата анимирана акција/авантура која наскоро пристигнува во градските кина.

Ретко некој филм до тој степен ја воодушевил и публиката и критиката како “Лего филм“ од 2014 година, а кој е базиран на познатата детска игра “Лего”. Сега во кината пристигна и вториот дел, а дејството продолжува на местото каде што заврши првиот дел. Бриксбург сега е застрашувачка апокалиптична пустош во стилот на Лудиот Макс. Емет и натаму е неизмерно среќен како и секогаш, но кога ќе ја заробат Вајлстајл, мора да се врати во вистинскиот свет и да ја спаси.

Гласовите ги позајмуваат Крис Прат, Елизабет Бенкс, Вил Арнет, Тифани Хадиш.