Филм: “Ладна одмазда“ со тупаницата на Лијам Нисон

98

“Ладна одмазда“ со Лијам Нисон во главната улога, во која тој толкува возач на камион за чистење снег и бара одмазда против дилерите на дрога за кои смета дека го убиле неговиот син, е британската акција која публиката наскоро може да ја види во градските кина.

Во неа, тивкиот фамилијарен и вреден возач на камион за чистење снег Нелс, е изворот на енергијата на блескавото туристичко место во Карпестите Планини , бидејќи тој е оној кој ги одржува улиците чисти. Тој и неговата сопруга живеат во удобна куќа, подалеку од туристите, а градот го прогласува за “Граѓанин на годината“. Но, Нелс треба да го напушти својот мирен живот на планината кога неговиот син е убиен од моќниот господар на дрогата…

Режијата е на Ханс Питер Моланд, а во останатите улоги играат Еми Росум и Лора Дерн.