Филм: „Кралот Лав“ – римејк за лавовското семејство

254

Најновата продукција или римејк на Дизни „Кралот Лав“, во режија на Џон Фавро, ќе ја однесе публиката на едно патување во Африканската савана каде што се раѓа идниот крал.

Симба го обожува својот татко, кралот Муфаса, и од срце ја прифаќа својата кралска судбина. Но, не сите во царството го слават малиот лав. Скар – братот на Муфаса и поранешен наследник на тронот има други планови. Борбата за Лавовското земјиште е катастрофална, исполнета со предавства, трагедија и драма, што доведува до прогонство на Симба. Со помош на двајцата нови пријатели, Симба ќе порасне и ќе стане силен лав за да успее да го врати она што му припаѓа.

Во оваа анимирана авантура, гласовите ги позајмуваат Доналд Гловер, Сет Роџерс, Чивител Ејофор.