Филм: “Кој се плаши од волкот лош 2” – анимирана авантура

117

“Кој се плаши од волкот лош 2” е руската анимирана авантура/комедија која македонската публика може да ја проследи во градските кина.

Во неа обединетиот град на овци и волци живее мирен и тивок живот се додека не се појават двајца неочекувани гости – поларната лисица и малото прасе. Никој, никогаш, не се посомневал дека ним ќе им се случи смртоносна опасност, која би можела да биде надмината само ако бидат сплотени. Само тимската работа може да ги реши големите проблеми и сериозните предизвици – бидејќи во единството е силата.

Филмот е во режија на Владимир Николаев, а гласовите ги позајмуваат Роберт Ленс и Владимир Николаев.