Филм: “Капетан Марвел“ – нова авантура за одбрана на Земјата

74

“Капетан Марвел# е насловот на најновото филмско остварување од студиото на Марвел, кое наскоро пристигнува во градските кина.

Во него, Керол Данверс станува една од најмоќните хероини на универзумот кога Земјата е вклучена во средината на галактичка војна помеѓу два вида вонземјани.

“Капетан Марвел“ е сосема нова авантура, а Денверс и мала група нејзини сојузници ќе се најдат во средиштето на конфликтот.

Во филмот, во режија на Ен Боден и Рајан Флекна, играат Бри Ларсон, Семјуел Л. Џексон, Бен Менделсон.