Филм: „И еманципацијата на фамозната Харли Квин“ – во кината

100

На репертоарот на градските кина може да се види американската акција-авантура „И еманципацијата на фамозната Харли Квин“ (Birds of Prey) во режија на Кети Јан.

Ова е испревртена приказна раскажана од Харли Квин. Кога најнарцисоидниот негативец од Готам, Роман Сионис и неговата десна рака, Жаж, ја таргетираат младата девојка Кес, го превртуваат градот наопаку за да ја најдат. Патиштата на Харли, Хантрес, Црната Канаринка и Рене Монтоја се вкрстуваат и оваа неочекувана група девојки нема избор освен да се здружат и да го победат Роман…

Улогите ги толкуваат Маргот Роби, Мери Елизабет Винстед, Еван Мекгрегор, Роси Перез, Али Вонг.