Филм: “Берлин, те сакам“ за Денот на вљубените

43

Роматичните души, од утре, 14 февруари – Денот на вљубените, во градските кина ќе можат да уживаат во драмата “Берлин, те сакам“, филм во чии претходни продолженија беа обработени романтични приказни во Париз, Њујорк и Рио де Жанеиро.

Секој филм се состои од најмногу 10 епизоди кои ја илустрираат универзалноста на љубовта во големите градови низ светот.

Оваа, Берлинска приказна се состои од 9 епизоди, каде што се спојуваат различни мажи и жени и раскажуваат за своите љубовни приказни. Емоциите извираат од познатите места низ градот, но и од скриените ќошиња каде што расцветуваат стари и нови љубови. Главна идеја на серијалот е да се добие впечаток дека градот е жив организам, кој дише и љуби низ мултикултурна идентификација која прави луѓето меѓу себе да поделат емоции на универзална љубов.

Режијата е на Дијана Аргон и Питер Челсом, а улогите ги толкуваат Кира Најтли, Хелен Мирен, Лук Вилсон.