По барање на фановите на познатиот балкански музичар Влада Дивљан, документарниот филм „Небеска тема“ создаден во негова чест од 20 до 22 ноември ќе може да се погледне во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар. Филмот премиерно беше прикажан на 7 ноември, во рамките на европскиот филмски фестивал „Синедејс 2019“.

Сценарист и режисер на овој документарец, кој има елементи на игран филм, е Младен Матичевиќ. Во него можат да се видат најзначајните автори од бивша Југославија, кои специјално за оваа пригода направија свои верзии на песните на Влада Дивљан.

Меѓу музичарите кои учествуваат се Дарко Рундек, Момчило Бајагиќ-Бајага, Светозар Цветковиќ, Зденко Колар, Александар Шандоров, Душан Страјниќ, Младен Јурчиќ Макс, Срѓан Гојковиќ-Гиле, Душан Којиќ-Која, Срѓан Шапер, Горанка Матиќ, Мома Раин, Дина, Стеван и Павле Дивљан, Ида Престер, Синиша Шкарица, Дубравка Марковиќ, членовите на бендовите „Минилинија“, „Летно кино биг бенд“, „Олд старс бенд“…

Проекциите почнуваат во 20 часот.