Филмот “Бикини Мун“ на Манчевски вечерва на МТВ

225

По прикажувањето на „Пред дождот“ и „Мајки“ минатиот викенд, и филмот „Сенки“ вчера, вечерва на МТВ во 22 часот ќе биде емитуван филмот  „Бикини Мун“ на нашиот еминентен режисер Милчо Манчевски.

Манчевски преку Фејсбук го најави својот придонес и поддршка на вонредните мерки против ширењето на коронавирусот.

#Седидома со Милчо, порача во својата најава режисерот.

Манчевски е автор на повеќе од шеесет филмски дела: кратки, играни и документарни филмови, видео-спотови, рекламни и играни филмски сценарија. Тој е сценарист и режисер на играните филмови: Пред дождот (1994), Прашина (2001), Сенки (2007), Мајки (2010), Бикини Мун (2017) и најновиот “Врба“.