Филип снима спот во Саранда, а ќе се сонча и на нудистичка плажа!

382

-Интензивно вежбам, па според оценките на тренерите од кои добивам целосна поддршка одлично напредувам во оформување на телото, се надевам дека се забележува тоа, вели пејачот Филип Пешевски кој со сигурни чекори оди кон врвот на македонската естрада…
Пред извесно време, сфаќајќи го добро шоу бизнисот се разголе и пред фотообјективот, па предизвика куп шокантни реакции од девојките. Вели дека ова лето ќе одел и на нудистичка плажа на море таму целиот да се сонча, бидејќи сака сè што е природно. Се подготвува во соседна Албанија, во Саранда, да сними високобуџетен спот во кој сигурно и тој ќе биде провокативно соблечен. Овој наш пејач минатата година дебитираше на Фестивалот на забавни мелодии “Макфест” во Штип, а освен тоа, тој веќе подолго време е и вокал во групата “Арија” каде освен свои песни, заедно со групата има снимено и неколку кавер верзии на македонски и на балкански хитови.   Д.М.