Пејачот Филип Пецовски за само еден месец успеа да направи 1.000.000 прегледи за својата прва песна „Crni Lamborghini“. Но, не само тоа е доказ дека песната стана голем хит и дека тој е еден од најбараните и најслушаните пејачи тука во Македонија и надвор од нашата држава се и коментарите и лајковите на истата, ама и многубројните следбеници на неговиот инстаграм-профил.

Многу слушаната песна

– Автор на музиката и текстот сум јас, а спотот е снимен во Скопје. Јас сум презадоволен од гледаноста и коментарите, изјави Филип за Вечер.

А сигурно се прашувате за неговиот фит изглед? Е па Филип претходно работел и како фитнес-тренер во Лондон, но моментално повеќе е посветен на музиката.

Пејачот Филип П.

Инаку Филип своите вокални способности ги докажа со пласирање во финалето во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, а одраз на неговиот талент е и склучениот договор за Гранд продукција. Негов ментор беше пејачката Јелена Карлеуша, што не е ни чудно со оглед на тоа што и двајцата доминираат со својот отмен и специфичен стајлинг, како и самата грациозна појава.

(Маја А.)