Филипче: Oсвен во Гевгелија, деца со респираторни проблеми не се пријавени во други градови

95

Tим од Детската клиниката за педијатрија, во состав д-р Аспазија Софијанова, д-р Весна Мицевска и д-р Валентина Јовановска Огненовиќ  денеска се заминати во општата болница во Гевгелија, за поддршка на педијатрите и евентуални дополнителни испитувања во делот на специфична дијагностика за девата кои што имаат респираторни проблеми.Тие  заедно со тамошните лекари во Општата болница ќе испитуваат од каква респираторна инфекција заболеле 50 – тина деца и бебиња во овој град кој биле тестирани и на ковид-19 и имале негативен тест.

Министерот за здравство Венко Филипче  ја повтори оваа информација, но сеуште нема информации за каква инфекција се работи, ниту индиции што би можело да ја предизвика.

Министерот Филипче потврди дека тестовите за ковид-19 биле негативни и потенцираше  дека нема пријавени вакви случаи во други градови.Во моментов во болницата се хоспитализирани само две бебиња, а околу 20 деца се на терапија.

Министерството за здравство вчера објави дека вкупно 50 деца и бебиња од Гевгелија во изминатиов месец побарале лекарска помош во локалната општа болница, со симптоми на респираторната инфекција не се типични за овој период од годината – односно самите инфекции кои се појавиле сега во топлиот период, се карактеристични за есен и зима.