Филипче: Ќе се реконструираат јавните здравствени установи

97

Реализација на проект за реконструкција на јавните здравствени установи, вклучувајќи ги и клиниките, со кој ќе бидат опфатени нивните санитарни чворови, како и модернизација на собите и нивно опремување со монитори, кревети и телевизори, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче на средба со новинарите.

Во фаза сме на одредување на приоритетите за голема реконструкција на повеќе клиники, рече Филипче и додаде дека од јавните здравствени установи 45 се приоритетни и во нив ѕидовите ќе бидат молерисани, а ќе им бидат сменети и плочките.