Филипче: Хоспитализирано четиримесечно бебе од Кочани, со ковид 19, со него е и мајката

171

Најмалиот пациент што се лекува на Инфективната клиника е 4 месечно бебе. Како што информира министерот за здравство Венко Филипче бебето е од Кочани и  е хоспитализирано со неговата мајка. Според министерот бебето  е во  стабилна состојба е и дише нормално.

На Клиниката  се хоспитализирани 68 павиенти од кои што пет се нови.Дваесет од нив се во тешка здравствена состојба,а седум се во критична-кажа денеска министерот Филипче.

Според  ИЈЗ  околу  7%  од вкупниот број на заболени се млади лица до 19 години. Регистрирани се 19 случаи до 9-годишна возраст и 22 случаја на пациенти од 10 до 19 години

Според  Комисијата за заразни болести  бројот на заразени деца е мал, бидејќи во моментов тие не одат во училиште.

(В.Ма.)